Sunday, September 23, 2012

ROMANO ILO


Здружение на љубители на ромска фолклорна уметност“ Романо Ило “ – Скопје
Ул. Пелагонија бр. 34, 1000 Скопје  Република Македонија
телефон: ++389 71/ 803-231, ++389 76/ 618-368



КРАТКА БИОГРАФИЈА
Здруженито на љубители на ромска фолклорна уметност “ Romano Ilo “ – Скопје, започнувајќи од 1998 година, се залага за промовирање на ромската култура кај не-ромското население со цел надминување на стереотипити и предрасудите. Со самото регистрирање на организацијата, се оформија и неколку сектори од областа на културата:
- Театар
- Фолклор
- Издавачка дејност
- Ликовна уметност
- Музика
Од сите овие сектори, Здружението...... “Romano Ilo “ реализираше проекти, кои со помош на донаторите беа имплементирани секоја година. Од театарската дејност проект кој се реализира континуирано секоја година е аматерскиот театарски фестивал Garavde Muja – Скриени Лица кој оваа година ќе се одржи по 10-ми пат. Од оваа дејност мора да се спомене и театарската група Romano Ilo  која има остварено низа успеси по фестивалите во Македонија но и надвор од неа. Има одиграно претстави од различен жарн и има добено многу бројни награди. Фолклорната дејност на Здружението..... Romano Ilo е богата со проектни активности. Играорната група на оваа организација има учествувано на многубројни фестивали и има остварено партнерство со други организации и институции. Во рамките на Здруженито има формирано и клуб на научници кои се бават со истражување на фолклорот, јазикот и традицијата на Ромите. Токму од таа причина, Romano Ilo формираше сектор за издавање кој што годишно издава по две книги.
Книги кои оставија впечаток кај ромската заедница се “Ромската Граматика“ од д-р Трајко Петровски, поезијата “Nevi Javin – Ново Утро“ од поетот Дисоран Зекир од Република Италија, книгите “Ромите во Република Македонија 1, 2, и 3“ од д-р Трајко Петровски, “Ромски Ѓурговден“ – Herdelez од проф- д-р Елси Иванчич Дунин од Соединетите Американски Држави и други.
Книгите се промовирани по саемите во државата како и промоции во Хрватска, Италија, Словенија и др. Во тек е издавање на книгата “Историја на Ромите во Балканот“ чиј што автори се доктори на науки по историја и книжевност. 
Ликовната уметност на оваа организација има направено неколку изложби во Република Македонија. Најпосетена изложба беше на американската етнограф Елси И. Дунин во 1998 година насловена како “Ерделез – Ѓурѓовден 67 – 97“. Етнографот Дунин во своите 70 фотографии го има насликано развојот на ромскиот ромскиот празник “Ерделез“ и дава еден целосен преглед на особеностите при славењето кај Ромите. Посетена изложба беше исто така на ромскиот вајар Ќазим Дурмиш кој се претстави со своите ликовни творби во рамките на проектот Звуците на чаршијата имплементиран од Младинскиот Културен Центар а во партнерство со Здружението ...... Romano Ilo.
Музичката секција на Romano Ilo се состои од неколку члена кои свират во различни инструменти. Сите музичари се млади и се средношколци во средното музичко училиште Илија Николовски-Луј. Репертоарот на оваа секција се состои од стари ромски традиционални песни но свират и песни од помодерно време. Покрај оркестарот, Romano Ilo, во рамките на проектот “Детски музички Фестивал Romano 2009” има издадено и аудио материјал од 15 песни на ромски јазик чии што интерпретатори се деца од 10 до 15 години.
Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност, покрај овие активности и проекти имплементира и други проекти кои имаат неколку цели :
-          Промоција на ромска културата кај не-ромско население
-          Зачувување на јазикот, традицијата и обичаите кај самата заедница
-          Надминување на стереотипи и предрасуди



АКТИВНОСТИ

Театарски фестивал “Garavde Muja – Лица“
Асоцијацијата ....  Romano Ilo во рамките на секторот за театар, континуирано работи за зачувување и промовирање на театарската уметност на Ромите во Македонија. Започнувајќи од 2002 година, до денес  здружението ... Romano Ilo континуирано го организира театарски фестивал “Garavde Muja – Лица“.
Оваа 2012 година, фестивалот ќе го одбележи своето 10- то  годишно јубилејно издание. Мора да се напомене дека во овој фестивал свои претстави одиграа еминентни имиња и тетарски групи како од Македонија така и надвор од неа.
Театар “Романо Ило“, Театар “Фадиљони“, и Театар “Phravde Ile“ од Скопје, и работилниците на НВО “Баирска Светлина“ од Битола, “Романе Берша“ од Велес, , театарот “Романо Thagar“ од Делчево, театарската работилница од Кочани “Авена“ и многу други. Сите овие од Република Македонија беа значително главни актери во развојот на театарскиот фестивал “Garavde Muja“
Реномето на фестивалот, кој е еден и еденствен помеѓу Ромите во Балканот и можеби во Европа, достигна репутација во Балканските земји.
Свое учество зедоа и првиот ромски професионален театар од Србија, “Суно е Роменго“ од Република Србија каде на фестивалот настапија два пати. Понатаму познатиот театар од Република Косово “Романо театаро – Призрен“, кој своето 20 годишно постоење го претстави пред македонската публика два пати. Гости на фестивалот исто така беа и театарските екипи од Република Хрватска. Учеството на фестивалот го збогатија со нивните теараските екипи “ Арена “ и театарот Chaplin”.
Низ фестивалот се протнаа и познати театарски актерски имиња како на пример дипломираните актери Санела Емин, Емран Куртишова, Џенгис Хусеин и други, понатаму, познатиот актер Шенѓул Куртиш, Јашар Амет, Ѓунеш Али, Фаат Абедин и други актер од Македонија како и од Србија, актерот Зоран Јовановиќ, Вели Хусеин и Насер ......
Мора да се напомене и еден многу човек, кој остави длабоки корени во театарската уметност кај Ромите во Македонија а исто така беше и член на организациониот одбор на фестивалот и режисер во театарот Романо Ило. Сејфула Рамадан – Рамче, дал голем допринос во развојот на театарскиот фестивал “Garavde Muja”.
Духот и креативноста, пораките и мислите на авторите, индикациите и идеите на ромските актери, режисери и автори и понатаму продолжуваат. Театарскиот фестивал “Garavde Muja” оваа 2012 година ќе го одбележи своето 10-то годишно издание и ќе остане во историјата на ромската театарска уметност.


Театарската работилница  “Romano Ilo”
Во Република Македонија театарската уметност има стагнација од почетокот на деведесетите години до 1999 година кога се формира театарска работилница во рамките на Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Romano Ilo”.  
Оваа работилница во почетокот имаше дваесетина актери од кои повеќето беа со искуство од предходните аматерски театри но имаше и неколку млади ентузијасти кои во годините што следеа направија успех и кариера со тоа што се запишаа на Факултетот за драмски уметности, учествуваа во големи проекти. Театарската работилница во рамките на Здружението направи неколку театарски перформанси од кои повеќето наградени во домашни и странски фестивали.
  1. Театарски претстави :
·         “Ternikano djivdipe”
·         “Meribe palo 12”
·         “Muj”
·         “Reinkarnirana Fatamorgana”
·         “Безимени добрини“
·         “Dukh ko Ilo”
·         “O mangipe – phurencar ja bizo lende “
·         “Изгубена Клара Малкович“
·         Грешна жена – копродукциски проект со театар Chaplin од Ријека, Р. Хрватска

2.      Награди во домашни и меѓународни фестивали  :

Награда за експериментална претстава 
Перформанс : Ternikano djivdipe
Фестивал : Лица без Маски
Година : 1998
Режија: Али Ѓунеш

Награда за најдобра сценографија
Перформанс : Meribe palo 12
Фестивал : Лица без маски
Година : 1999
Сценограф: Умер Ѓулсен

Награда за најдобра женска улога
Перформанс : Meribe palo 12
Фестивал : Лица без Маски
Година : 1999
Актер : Санела Емин



Нај најдобра женска улога
Перформанс : Muj
Фестивал : Лица без маски
Година : 2000    
Актер : Санела Емин

Најдобар сценски настап за сценска секвенца
Перформанс : Мај
Фестивал : ДАФТ – Кочани
Година : 2000

Награда за најдобра изворна театарска претстава
Перформанс : Dukh ko Ilo
Фестивал : Меѓународен аматерски театарски смотри, Ријека – Република Хрватска
Година : 2007
Режија: Сејсула Рамадан – Рамче

Второ место за најдобра театарска претстава
Перформанс : Изгубена Клара Малкович
Фестивал :  Меѓународен аматерски театарски смотри, Ријека – Република Хрватска
Година : 2009
Режија: Даниел Петровски